(ФОТО) Агелер го пречека Блинкен

 

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер го пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Веста ја објави американската амбасада на социјалните мрежи. „Добредојде секретару Блинкен“, се наведува во објавата.

„За време на посетата на Северна Македонија, секретарот Блинкен ќе се приклучи на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и ќе се сретне со премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи Османи и други официјални претставници“, се наведува во објавата на американската амбасада во Македонија.

29.11.2023 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега