Филиповски: Популарната „Дупка“ во Ново Лисиче ќе го задржи автентичниот изглед

 

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски изјави дека спортско – рекреативниот центар во Ново Лисиче, популарната „Дупка“, каде што вечерва социјадемократите ќе одржат митинг, ќе го задржи својот автентичен изглед.

-Внатрешните простории беа обновени пред неколку години и како ново општинско раководство, ќе се грижиме за тековно одржување на овој спортски центар, истакна Филиповски, додавајќи дека ВМРО – ДПМНЕ и нивниот кандидат Тимчо Муцунски предвидуваат менување на изгледот на популарната „Дупка“, со што, како што рече, одат против интересите на локалното население.

-Овој дел е белег на Ново Лисиче. Симбол на маалскиот живот и јавен простор кој ги поврзува сите генерации. „Дупка“ останува отворен простор. Нема да дозволиме никакво покривање или негово затворање, затоа што граѓаните го паметат и го сакаат овој рекреативен центар токму во ваква состојба, рече Филиповски.

Тој нагласи дека на тој простор, во летниот период се организираат и културни настани и посочи дека уште повеќе ќе се користи овој центар, како за спортски турнири, театарски фестивали, така и за концерти, перформанси за млади и друго.

Вечерва, од 19:00 часот, СДСМ и коалицијата ќе организираат и граѓански собир на „Дупка“, каде што граѓаните од Ново Лисиче и овој дел од општината, ќе можат да ги слушнат проектите за развој на населбата, информираат од партијата.

12.10.2021 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега