ДУИ бара оставка од Таравари: 5 починати деца за два месеци - неспособни сте
Од ДУИ велат дека смртта на уште едно дете во Детската клиника е трагедија која не смее да помине без одговорност.
„Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди
Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата.
Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото.
Во име на одговорноста кон граѓаните, бараме итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство.
Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили“, стои во реакцијата на ДУИ испратена до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа