Драстичен пораст на цените на зеленчукот - поскапе дури 48 отсто

 


Во период од една година зеленчукот поскапел за фантастични 47.7 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нив овошјето поскапело за 6,8%, а виното поскапело за 14,6%.

Од друга страна, цените на житарките, како пченица и ориз, се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%.


 

На страната на трошоците, најголемо зголемување е забележано кај ветеринарните услуги (9,5%) и одржувањето на опремата и зградите (6,4%). Намалување има кај ѓубривата (6%) и кај енергијата и семињата (7,4%).

Овие податоци ја покажуваат динамиката на цените и различните трендови во земјоделскиот сектор.

18.11.2024 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега