Драма во Скопје: Сопругата го пријавила сопругот поради закани, во полиција сопругот раскажал дека претходно бил претепан од сопругата

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје, по претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20.00 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје.

Претходно, во 15.20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18.30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

01.07.2024 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега