Дилер на дрога падна во рацете на полицијата во Куманово


Вчера во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Куманово.

 

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

17.09.2024 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега