Детектор: Судството и обвинителството најкорумпирани – според граѓаните најмалку корупција има во образованието и општините

 

Судството и јавното обвинителство се најкорумпираниот сегмент во општеството сметаат граѓаните. Најголем дел од нив на поединечните прашања за секоја од институциите одговориле дека има многу корупција во судството. Ваков став делат 57,1% од анкетираните. Следи здравството со 43,6%, јавната администрација и полицијата со нешто под 42% и општините со 37,6%. Најмал број граѓани многу корупција детектирале во образованието. Нивниот дел изнесува 29,1%.

 

Телевизиите остануваат главен извор на информации за граѓаните за теми поврзани со корупцијата. Од нив информации добиваат 55,2% од граѓаните. 17,3% главно се информираат преку социјалните мрежи а 12,2% преку веб порталите. Најмалку информации граѓаните според анкетата добиваат од невладините организации.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01  до 04 февруари оваа година.

 

12.02.2023 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега