Детали за земјотресот кој рано утрово ја потресе Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, утрово во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебарца-Плакенска Планина.
Земјотресот, како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Демир Хисар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека во овој дел од земјава, во околината на Ресен, регистрирал земјотрес со јачина од 2,9 степени.
Епицентарот на земјотресот, според ЕМСЦ, бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа