Дестани демантираше дека ќе биде кандидат за премиер

Иако изминатите денови се шпекулираше дека бизнисменот Лазим Дестани ќе биде номиниран од ДУИ за прв „албански премиер“ на Македонија, од неговиот кабинет ја демантираат таа информација.
„Не, не е точно, Лазим Дестани е посветен на деловното поле и тој нема намера да влезе во политиката“, се вели во демантот.
Синоќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 рече дека не само што Дестани не сака да биде премиер на Македонија, туку и дека ДУИ до крајот на кампањата односно до самото гласање на предвремените парламентарни избори нема да објави ниту едно име како кандидат за претседател на Владата.

- Господинот Дестани веќе демантираше, а ќе видите дека ДУИ нема да објави ниту едно име. Излегуваат во јавноста со таква кампања, а не го кажуваат кое е името. Граѓаните треба тоа да го знаат, да знаат кој ќе има поддршка од 61 пратеник. Тоа ќе има контра-ефект во нивната кампања, затоа што е потценување на интелигенцијата на народот, кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега