Демерџиев: Има запрени бугарски државјани, но околу 150 ќе пристигнат во Скопје

 

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев изјави дека околу 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат денеска на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев.

– Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев.

Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема.

– Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Северна Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев.

04.02.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега