Дедо со „шкода“ прегази жена на „Водњанска“

На 29.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(72) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(52) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

30.09.2022 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега