Д-р Трајановски: Ние советниците треба да бидеме сервис на граѓаните

 

Носителот на советничката листа на СДСМ во Аеродром, д-р Александар Трајановски вели дека советниците треба да се сервис на граѓаните и да ги решаваат сите нивни проблеми.

Во предизборната кампања тој ветува дека ќе се бори седниците на Советот да се прикажуваат во живо за поголема транспарентност и граѓаните да имаат поголем увид на неговата работа.

-Ние советниците треба да бидеме сервис на граѓаните, треба да бидеме достапни за граѓаните, треба да служиме на граѓаните, треба да ги решаваме сите проблеми на граѓаните. И најважно од сѐ, да бидеме достапни за сите проблеми кои ги имаат, рече Трајановски.

Вели дека заедно со кандидатот за градоначалник, Александар Филиповски, можат да придонесат за подобар развој на општината.

-Се надевам дека сѐ што ни е предвидено во нашата програма ќе биде реализирано. А тоа се, две градинки, два затворени базени, зелена површина од околу 5.000 метри квадратни, како и разубавување на дел од нашата општина, вели Трајановски.

Тој денеска е директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ во чиј склоп се Универзитетската Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентниот центар. Го предводи медицинскиот тим кој за прв пат изведе експлантација на коскено ткиво, како и две трансплантации на коска од починат донор во Македонија.

 

13.10.2021 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега