Црвен крст: Исплатени над 86 милиони денари на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани
Заклучно со 17 април, преку апелот на Црвениот крст на Република Северна Македонија се собрани 128.011.651 денари за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Денеска беа префрлени средства на 62 семејства на починатите лица, со што вкупната исплата досега изнесува 86.100.000 денари.
Од Црвениот крст информираат дека заедно со партнерските организации продолжуваат со испорака на психосоцијална и друга поддршка за погоденото население.
17.04.2025 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа