Четири лица однесени во Кривичен Суд поврзани со нападот во М-НАВ

Четирите лица кои се поврзани со целиот случајот со упадот во М-НАВ вечерва во М-НАВ вечерва се однесени во Кривичниот суд, пренесува А1он. Воедно, предлог обвинителен акт до нив се уште не е пристигнат од Обвинителството.

По налог на ОЈО се врши службен разговор со лицето Б.Н, а неколку лица повеќе часови денеска беа на распит во полицијата за вчерашниот упад во МНАВ и напад на вработени.

Вчера од страна на МВР беше известено дека со вкупно четири лица кои се инволвирани во нападот се вршат службени разговори и дека во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Исто така и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и оти наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

Според Јавното обвинтелство, како што информираа претпладне од прес-службата, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, а Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи.

МВР во свое соопштение по нападот наведе дека, во 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир, односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата).

Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

Тасевски исто така рече дека вработените кои во тој момент не биле нападнати биле изложени на огромен притисок, но дека работата ја вршеле професионално.

05.01.2024 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега