Четири килограми марихуана пронајдена во гаража во центарот на Скопје
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 02.11.2024, по претходна наредба од Основен суд Скопје, изврши претрес во гаража во центарот на Скопје, при што се пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, спакувана во неколку пакувања, соопшти МВР.
По наредби на јавен обвинител, пронајдената марихуана е одземена и дадена на вештачење и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
04.11.2024 - 10:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа