Царината во акција: Запленети 192 килограма анаболични стероиди вредни 5,5 милиони денари
Царинската управа спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането со закон.
Како што информира денеска директорот на Управата Бобан Николовски, запленети се 32 кутии со 192 килограма анаболични стероиди со вредност од 5,5 милиони денари, штетни по здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава.
-Станува збор за Оxanaboilic и Metanabol за орална употреба, како и Testec, Testen и Sustamix за инјекционална употреба, рече Николовски на прес-конференција на Скопскиот аеродром.
За случајот, истакна, е добиено признание од Светската антидопинг агенција дека македонската Царина влегла во трага на ланец на нелегална трговија со вакви супстанци што претставува модерен тренд на забранети стимулативни супстанци кои предизвикуваат зависност.
-Со оваа заплена Македонија во моментов е во топ тројката на земји на светско ниво на листата на Светската антидопинг агенција за заплени на забранети супстанци, подвлече директорот.
Според министерот за спорт Борко Ристовски, државата ќе стои цврсто против употребата на забранети материи за постигнување добри резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа