Богојевски ги раскина договорите со тројца евалуатори

 

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените процедури и стандарди, соопштија од Агенцијата. 

Оттаму додаваат дека за овој слчај ќе се утврди одговорност и за внатрешно вработени лица во Националната агенција. 

-Во насока на унапредување на квалитетот и интегритетот на евалуациските процеси Богојески најави сеопфатна реевалуација на сите евалуатори, при што во првата фаза ќе бидат заменети најмалку 50 проценти од нив. Процесот е планирано да биде комплетиран најдоцна до август 2025 година, се вели во соопштението од Агенцијата.

Националната агенција, потенцираат, останува цврсто посветена на транспарентно, одговорно и законито работење, како и на доследна борба против корупцијата во сите нејзини форми. 

02.05.2025 - 10:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега