Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија

 

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имал работна средба со директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, со раководители на оддели и вработени,  на која, како што информира Министерството, била „презентирана успешната работа на раководството на ИЈЗ, актуелните проекти и идни планови“.

-Институтот за јавно здравје е една од најважните институции во државата, ќе се фокусираме на дигитална платформа за систематизирање на податоците, секој податок и документ кој ќе произлезе од оваа институција ќе се преточи во конкретен акциски план. Благодарение на успешното менаџирање и домаќинска работа, нивото на ИЈЗ е значително подигнато и иницирани се новитети за раст и развој на установата, посочи министерот Алиу на средбата.

Директорката Марија Андоновска ги презентираше конкретните активности, кои се реализирани во изминатиот период, како што се воведување втора смена на микробиолошка лабораторија, со што ИЈЗ е единствена микробиолошка лабораторија во којашто граѓаните можат да добијат здравствена услуга и после работното време, соопшти Министерството за здравство.

01.08.2025 - 19:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега