Битиќи: Платите во градежништвото и трговијата пораснаа за над 70 отсто од 2016 до 2023 година


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи сподели графици со растот на платите во приватниот сектор од 2016 до 2023 година. Од приложените податоци може да се види дека платите во градежништвото и трговијата на големо и мало пораснале за над 70 отсто.

Во градежништвото платата од 21.200 се зголемила на 36.534 денари или 72 отсто раст, додека во трговијата на големо и трговијата на мало, платата се зголемила од 20.313 денари на 34.718 или раст од 70 отсто.

Раст на платите од 50 отсто има и во секторот транспорт и складирање, од 22.906 на 34.383 денари. Во секторот снабдување со вода и управување со отпад, платата пораснала од 19.855 денари на 29.207 денари, раст од 47 отсто.

„Зголемувањето на благосостојбата на нашите граѓани е главната цел на нашата влада. Во периодот 2016-2023 година забележавме извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

28.03.2024 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега