Бесими: Планирани се значајни инвестициски вложувања во патната инфраструктура

 

 

Министерот за финансии Фатмир Бесими, коментирајќи го буџетот за 2024 во својата последна колумна, уверува дека се за што ќе се задолжи земјата иднината година, тоа ќе биде за капитални инвестиции.

„Планирани се значајни инвестициски вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на Коридор 8, односно проширување на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа–Струга–Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани, и на Коридорот 10 д, изведба на делницата Прилеп–Битола и физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен. Планирано е да продолжи изградбата на источниот дел од патниот Коридор 8, делницата Ранковце-Крива Паланка и до границата со Бугарија, како и западниот дел, делницата Кичево-Букојчани. Проектирани се средства и за автопатот Скопје-Блаце.

Продолжува изградбата и рехабилитацијата на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, како и заеднички железнички граничен премин со Србија. Во буџетот се проектирани средства и за голем број други капитални проекти во делот на комуналната инфраструктура и управување со отпад, енергетска ефикасност, уредување на технолошко индустриските развојни зони, здравствениот и образовниот сектор, детската заштита и спортот, земјоделскиот сектор, како и за Интегрираниот систем за управување со даночни информации и Системот за управување со информации за државна помош, како дел од концептот на SMART Finance“, објави Бесими.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,4 отсто од БДП, а Бесими в година очекува силен инвестициски циклус.

26.11.2023 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега