Бектеши: Од ЕК ќе бараме директна помош за индустријата и коофинансирање заедно со буџетот на државата

 

Крешник Бектеши министер за економија во емисијата 24 Отворено рече дека индустријата има долгорочни договори, особено со Макпетрол, единствениот снабдувач со гас во државата и сега се обезбедени сите енергенси и грејната сезона е започната.

- До крајот на грејната сезона имаме обезбедено енергенси. Утре ќе ги доставиме нашите барања во делот на поддршкат што треба да ја добиеме од Европската комисија и тие барања се за директна помош за индустријата за тие што се на слободниот пазар и директна помош со коофинансирање на ЕК заедно со буџетот на државата за поддршка на малите потрошувачи. Ќе ја прошириме листата на ранливите категории. Ќе бараме коофинансирање на проектите и субвенциите за сите домаќинства и мали компании. Сето ова утре ќе биде испратено до ЕК. Очекувам таа да даде поголема поддршка за нас зошто сме направиле големи отстапки, вели Бектеши.

Бектеши не сакаше да открие за колкава сума пари станува збор. „Не би сакал да навлегувам во сумите зошто утре ќе го пратиме писмото до ЕК“, изјави тој.

Тој додаде дека во моментот кога ќе се добие одговорот од Комисијата тогаш и ќе биде објавен,

18.10.2022 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега