Баклава со вишни - сочна и освежувачка, ќе ве освои за трен

Состојки:

  • 500 гр кори за баклава
  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр сецкани ореви
  • 3 лажици гриз + 2 лажици за вишните
  • 150 гр шеќер
  • 250 гр вишни.

Шербет:

  • 600 гр шеќер
  • 400 мл вода
  • 2 ванили
  • ½ лимон
  • 250 гр маргарин.

Подготовка:

  1. Мелените ореви, шеќерот и гризот се мешаат во подлабок сад.
  2. Сечканите ореви се мешаат со исчистените вишни, па се додаваат 2 лажици гриз. Најдобро е вишните да се свежи или смрзнати, а не е препорачливо да се од компот.
  3. Маргаринот се растопува за да може да се попрскаат корите.
  4. Се зема една кора, се попрскува со маргарин, па со смесата од мелени ореви.
  5. Над неа се става втора кора и на едниот крај се става од филот со вишни, се рола и се реди во намрсен плех. Постапката се повторува со сите кори.
  6. Баклавата се сече на парчиња и се полева со преостанатиот маргарин, пасе става да се пече. Се пече прво 10 минути на 200 степени, а потоа околу 40 минути на 150 степени.
  7. Потоа се припрема шербетот.
  8. Шеќерот и водата се ставаат да зовријат и се вари шербетот 8 минути откако ќе зоврие. Се додаваат ванилите и желба сокот од лимон кој може и да го изоставите. 
  9. Пред да се извади баклавата од рерна, рерната се вклучува повторно на 200 степени убаво да се потпече (да крцка), а потоа се вади и се попарува врело со врело.

Баклавата е прекрасна и ја препорачуваме на секого. На здравје!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа