Андоновска: Срамно е што Арсовска се крие или е на одмор па не доаѓа да го брани ребалансот на нејзиниот буџет

 

На денешната седница на Град Скопје, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска ја повика градоначалничката на Град Скопје да дојде на седница на совет, да дебатира и да го образложи предлогот што сама го дала за ребаланс на буџетот на град Скопје.

„На почетокот на овој мандат се воведе една позитивна практика што ја немало во последните четири години а тоа е Градоначалникот, сите директори да бидат присутни и да дебатираме заеднички за точките бидејќи се од интерес на граѓаните на Скопје, и тоа беше така се до некој момент, за жал ние последните месеци ние гледаме отсуства неоправдани на директорите и секако отсуство на градоначалничката. На денешната седница како прва точка имаме ребаланс на буџетот, повторувам ребаланс на буџет нешто што е од исклучителна значење на Скопјани и истиот е на предлог на градоначалникот на град Скопје. Градоначалникот на Град Скопје во моментот не е во салата, а ние треба да расправаме за овој предлог. Што е поважно од присуството во оваа сала, да дебатираме како за овој ребаланс така и за останатите скоро 30 точки предложени на денешната седница. Што е поважно за градоначалничката што во моментот таа не се наоѓа во оваа сала. Како очекува да дадеме поддршка на нејзините предлози, кога самата не е тука да ги објасни. Затоа барам претседателе да обезбедите присуство на градоначалничката, ценам дека нема ништо поважно како на претходните седници така и на оваа таа треба да биде тука и да дебатира и да ги соочиме фактите и аргументите. Не знам како поинаку ние можеме да дебатираме на совет сами со себе на предлог кој што го дала градоначалничката а таа не е тука да си го објасни сопствениот предлог. Затоа барам пауза и барам да обезбедите присуство на градоначалникот да дојде бидејќи таа денеска треба да е тука да дебатира за она што го предложила“ нагласи Андоновска.

20.07.2023 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега