Анализите завршија: Познато на кои точно производи од овошје и зеленчук ќе им биде замрзната цената
Анализите завршија, а министерот Крешник Бектеши на социјалната мрежа фејсбук откри на кои точно производи утре ќе им биде замрзната цената.
„Утре се определуваат највисоки цени за ДОМАТИ, КРАСТАВИЦИ, КРОМИД, КАРФИОЛ, ПИПЕРКИ, ГРАВ, ЛЕЌА, БАНАНИ, ПОРТОКАЛИ, МАНДАРИНИ, ЛИМОН!
Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи“, напиша Бектеши на ФБ!
Владата со последната одлука ги замрзна цените на хигиенските производи.
02.04.2023 - 15:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа