53-годишник завршил во болница, се повредил на работа
На 23.11.2023 во 21.30 часот во Полициското одделение Петровец, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен С.У.(53) од Скопје, изјави полицијата.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 20.30 часот, при извршување работни задачи во фабрика во индустриска зона „Бунарџик“. Увид бил извршен.
24.11.2023 - 17:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа