Жителите во паника - силен земјотрес ја стресе Турција

 

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, бил на 56 километри западно-северозападно од Кахраманмараш и 14 километри југо-југозападно од Ѓоксун.

Длабочината на епицентарот се проценува на пет километри.

Новиот потрес е во областа каде во двата земјотреси на 6 февруари, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, загинаа повеќе од 50. 000 луѓе. 

23.09.2023 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега