Жените во Македонија се меѓу најниските во Европа, а мажите се близу до европскиот просек

 


Според анализата на специјализираниот статистички сајт „Ландгеист“, базирана на податоци од NCD-RisC, мрежа на здравствени научници од целиот свет, која соработува со Светската здравствена организација, ж
ените во Северна Македонија се меѓу најниските во Европа, а мажите се близу до европскиот просек.

Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените на Кипар со 160,6 сантиметри. Меѓу пониските во Европа се и жените во Португалија 161,2 сантиметри.

Највисоки се Холанѓанките со просек од 170,4 и Црногорките со 170 сантиметри. Просечната висина жените во Србија е 168,3 сантиметри, во Грција 165,8, во Бугарија 164,6, а во Албанија 162,2 сантиметри.

Мажите во земјава, пак, во просек се високи 176,4 сантиметри. Највисоки се Холанѓаните 183,8, Црногорците 180,7 и Естонците 179,3, а најниски мажите во Кипар 172,7, во Албанија, 174,1 и во Бугарија 174,2 сантиметри.

Во Србија просечната висина на мажите е 180,7, а во Грција 179,3 сантиметри.

06.03.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега