Зголемен водостојот на Охридското Езеро
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се сити како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа нивото на Охридското Езеро е за 13 сантиметри пониско од просекот за јануари. Понизок од просечниот и тоа за 1,81 метар е и водостојот на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,61 метар повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Повисоки од просечните се и водостоите на поголем дел од реките во земјава. Повеќе од двојно повисок водостој од просечниот имаат реките Треска на мерното место кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила и Сатеска кај Ботун.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа