Земјотрес во БиХ и Хрватска
Тлото на Балканот не стивнува, а попладнево беше регистриран земјотрес во Хрватска и Босна и Херцеговина.Според информацијата на ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Бања Лука во 16 часот и 48 минути, а само неколку минути претходно ја погоди областа во Славонски Брод.
Епицентарот на земјотресот во БиХ бил на 23 километри од градот Мркоњиќ и бил со јачина од 2,8 степени.
Жителите на Бања Лука кои живеат на повисоките катови почувствувале благо тресење, додека во Градишка кај некои граѓани поради земјотресот се почувствувало движење на мебелот во становите.
Вчера земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди и Црна Гора, а епицентарот бил во близина на Улцињ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа