Земјотрес од три степени го стресе Скопје

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево, 17.12.2024 година, во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

17.12.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега