Земјотрес од 5,2 степени во Романија, почувствуван и во Србија
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил на длабочина од осум километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Србија.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Србија, Белград.
13.02.2023 - 16:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа