Патот од Крива Паланка до „Деве Баир“ затворен во двата правци поради сообраќајна несреќа
Попладнево од 17:35 часот воведена е забрана за движење на сите видови возила во двата правци на патот од Крива Паланка до граничниот премин „Деве Баир“, информираат од Автомот сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите од АМСМ, причина за воведената забрана е сообраќајна несреќа што се случила на овој дел од патот.
Од АМСМ велат дека на патот се врши увид во сообраќајната несреќа.
-На 28.01.2025 година од 17:35 часот, поради вршење на увид, по претходно случена сообраќајна незгода, воведена е забрана за движење за сите видови возила во двата правци на А-2 Крива Паланка од клучка експресен пат кон ГП „Деве Баир“, се вели во соопштението од АМСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа