Земјотрес ја стресе Македонија

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 16.12.2024 година, во 19 часот и 45 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 112 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

16.12.2024 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега