Зеленски: Ќе произведуваме оружје заедно со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака до украинскиот народ изјави дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје.

„Ќе работиме заедно за Украина да го произведе потребното оружје заедно со Америка. Ова е ново ниво на нашето единство. Копродукцијата во одбранбената индустрија со САД е историска работа, рече Зеленски во видео пораката, зборувајќи за резултатите од неговата посета на САД.

Според него, соработката ќе може да ѝ обезбеди на Украина нова индустриска база и нови работни места.

За време на посетата на Вашингтон, Зеленски се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден, претставници на Конгресот и Сенатот, а денеска САД ги објавија деталите за новиот пакет воена помош за Украина од 325 милиони долари.

Овој пакет вклучува, меѓу другото, касетна муниција, противтенковско оружје и ракети за системите за воздушна одбрана HIMARS, соопшти американската администрација.

22.09.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега