Се враќа летото: Какво време не очекува до крајот на септември

Уште пред да заврши викендот сите ќе можат да ги почувствуваат повисоките температури кои можеби и недостигаа во последните десетина дена.
Последниот ден од работната недела ќе донесе малку дожд и температури на кои се навикнавме во изминатите денови. По нешто над 10 степени наутро, максималната температура ќе се искачи до 23 степени. Речи си идентично ќе биде времето и во сабота, додека од недела не очекува разведрување.
Веќе од понеделник се најавува сончево време. Нешто пониски температури, поради ведрото време ќе има наутро кога е можно да се спуштат и под 10 степени но дневните веќе ќе одат и над 25 степени.
Целата наредна недела ќе биде релативно сончева, од време на време ќе има и облаци но услови за дожд не се најавуваат. Кратка дестаблизиација е можна во четврток но без некој поголем интензитет.
Во текот на целата наредна недела ќе бележиме постепен пораст на температурите за следниот викенд да се доближиме до оние летни 30 степени кои се најавени како можна максимална температура.

19.09.2024 - 20:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега