Зеленски го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги

 


Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги.

Оваа награда се доделува за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворната дејност, како и за популаризацијата на украинската држава во светот.


 

Јанчев се најде на листата од 100-ина одликувани личности со орден за заслуги од Зеленски по повод Денот на независноста на Украина. 

25.08.2025 - 12:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега