Инцидент во скопско: Се запалило БМВ во гаража, четиричлено семејство пренесено во болница
Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од село Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа.
Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
25.08.2025 - 13:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа