Заврши увидот за сообраќајката кај Штип-Кочани: До несреќата дошло при претекнување
Како што информиравме и претходно тешката сообраќајќа која се случила попладнево на експресниот пат Кочани – Штип во близина на селото Чешиново, резултираше со двајца загинати и петмина повредени. Увидот завршил, штотуку информираа од Обвинителството. Според првичните сознанија до несреќа дошло при претекнување.
„Јавен обвинител изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување.
Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење“, соопштија од Обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа