Почина маж - Нови случаи на Ковид во Македонија

 

Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина - последна доза пред повеќе од три години. 

Регистриран е и еден нов случај на Ковид-19. Станува збор за лице од Струга. Минатата недела евидентирани биле три оздравени лица.

Во текот на годината, заклучно со 26 јануари, регистрирани биле вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември.

- Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, нагласуваат од ИЈЗ.

28.01.2025 - 08:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега