Заврши лицитацијата за Златната Бубамара: ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео

 

Членовите на групата ДНКА на лицитација ја продадоа „Златната Бубамара“ за песна на годината и собраа 690.000 денари за лекување на младиот Леонид Индов. 

Највисоката понуда била во износ од 250.000 денари од Кирче Митрески од Охрид, но тројца други наддвачи решиле сепак да ги донираат понудените суми.

-Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Filip Patrikliski (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце. Ви Благодариме, напишаа ДНК на Фејсбук објавата.

26.02.2024 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега