Затекнати седум албански државјани кои незаконски работеле во Карбинци

 


Вчера во 14.30 часот во атарот на с.Радање, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип по наредба на ОЈО Штип, во содејство со Трудова инспекција, извршиле контрола во правен субјект каде биле затекнати А.Р.(33), Л.Р.(59) , Ф.Л.(63) , Д.З.(42) , Б.З.(51) , А.Д.(36) и К.З.(59), сите од Република Албанија, за кои било констатирано дека престојувале незаконски во државата, а биле работно ангажирани во правниот субјект.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

13.11.2024 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега