Зајкова: Ако се легализира марихуаната, не значи дека сите ќе станат зависни од дрогата

ЛДП беше првата партија која во својата програма изјави дека ја поддржува декриминализацијата и легализацијата на канабисот. Како либерални демократи тргнавме од човековите права и правото на избор, но и од економските придобивки. Легализацијата не значи, како што многумина мислат, дека сите ќе станат наркомани или дека ќе имаме зависници на улица, рече лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.

Според Зајкова, во многу земји се намалува бројот на корисници на тешки дроги.

„Не гледам што е спорно да се има регулиран систем каде државата ќе има корист од тоа. Сега не знаете што доаѓа од црниот пазар, а државата нема контрола врз него. На овој начин државата ќе има контрола врз квалитетот и ќе има оданочување, зголемување на БДП од услужните компании, намалување на црната трговија и криминалот, поволности за земјоделците и индустријата…“, изјави Зајкова .

 
 

 

За Зајкова треба да бидеме флексибилни околу тоа што за нас значи рекреативна употреба на дрога, до одредена количина.

„Ние не добиваме ништо со тоа што не ги легализираме. Не знам зошто правиме општа хистерија кога ја спомнуваме регулативата“, додаде Зајкова.

29.03.2024 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега