Захарова: Руските дипломати се под огромен притисок и добиваат смртни закани
Руските дипломати се под огромен притисок и добиваат смртни закани, изјави денеска Марија Захарова, официјална претставничка на руското МНР.
Во коментар за ТВ каналот „Русија-24“, таа истакна дека е важно секој дипломат „да ја живее судбината на својата земја“, пренесува агенцијата ТАСС.
„Кога се чини дека нема сила и не можете ни да замислите под каков притисок се нашите дипломати, се наоѓаат внатрешни ресурси. Тоа е искрен, вистински патриотизам“, рече Захарова.
10.02.2025 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа