Заев за „бомбата“ со коалиционите партнери: Лошо сум се изразил, изминативе три години го покажуваат спротивното

Лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ – Зоран Заев, се огласи по повод денес објавените „бомби“, во кои во разговор со непознато лице вели дека „мамето ќе им го е** на сите што ќе влезат со него во коалиција“.

Во кратката реакција објавена на Фејсбук, Заев вели дека разговорот е од 2016 и признава дека „лошо се изразил“. Изминатите три години, вели, се доказ дека гради коректни односи со сите коалициони партнери:

„Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува“, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега