Боки 13 поднесе кривични пријави против Заев, Русковска, Спасовски…
Боки 13 поднесе кривични пријави против претходничката Вилма Русковска, експремиерот Зоран Заев, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски. Изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства се само дел од кривичните дела кои според Боки 13 ги сториле посочените во пријавите.
„Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави“, рече Јовановски.
Боки 13 е уверен дека пријавите ќе резултираат со судски предмети и сите ќе одговараат. Тука ја посочи и екс-обвинителката Русковска која според него ја злоупотребила службената положба и примала поткуп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа