Заев од Велес: Нашата понудае понуда за развој и напредок, Мицкоски само крши мерки за заштита од коронавирусот и нуди обнова на режимот

На граѓанаската трибина во Велес, претседателот Заев ги потенцираше разликите помеѓу концептите на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, велат од владејачката партија.

- Гледаме како се грижат за здравјето на граѓаните, во целиот овој период, Мицкоски оди по тератани, по кафани, организираат масовни собири, редовно не носат маски, не почитуваат и кршат мерки и тој ќе давал примери како да се однесуваат граѓаните. Не може така, посочи Заев.

Од друга страна, порача Заев ние нудиме концепт што води напред, концепт за уште посилен раст и развој, концепт кој ја зајакнува борбата против коронавирусот.

- Верувам во мудроста на нашиот народ и затоа водиме позитивна кампања во која кажуваме се, овие избори или ќе не вратат назад и ќе не поддржат во исправниот пат. На денот на изборите само три опции: Можеме повеќе, Можеме подобро и На прав пат, да не ги заборавите. Верувам дека на 15 јули и Велес и цела изборна единица 3 и цела држава ќе ја слават победата на коалицијата „Можеме“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега