Заев: Од една страна сме јас, Радмила и членството во НАТО, од другата страна се Дурловски и Мицковски и насилството во Собранието

„Од една страна сме јас, Радмила и членството во НАТО, од другата страна се Дурловски и Мицковски и насилството во Собранието. Враќањето на Дурловски во Собранието ќе биде враќање на местото на злосторството“, рече претседателот Заев на вечерашната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Струга.

Претседателот Заев рече дека новите кадри на Мицковски се под целосна контрола на избеганиот криминалец во Будимпешта на кои им се важни само парите и голата борба за власт.

„Кај нивниот носител во оваа изборна единица, Дурловски, има само национализам, омраза, нема П од политика, нема П од патриотизам, ама има П од пари. Има разлика меѓу нас и нив. Покажавме на дело, а тоа што е на дело е реткост во нашата Македонија. Сите знаеме дека можеме и повеќе и подобро. Тоа е патот по кој треба да одиме. Ние сме единствена власт која знаеше да признае грешки и да се повлече чекор назад. Денеска е слобода и секој може да си го каже своето мислење. Сега граѓаните делегираат одговорност. На здравствено безбедни избори да излеземе сите и да одредиме правец и иднина на нашата земја. Тоа е одговорност пред нашите деца“, посочи претседателот Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега