За прв пат во последните четири години е направено првото ажурирање на биткоинот
Во неделата е објавено првото ажурирање на биткоинот во последните четири години, наречено Taproot, а промените во кодот се наменети за зајакнување на анонимноста на сопствениците на криптовалутата и подобрување на „ефикасноста на трансакциите“, објави телевизиската мрежа CBNC News.
Според податоците, програмерите додале нов тип електронски потпис за мултилатералните трансакции, што треба да ги елиминира разликите во нивото на доверливоста меѓу едноставните и сложените трансакции, во кои се посочени неколку потиси, се појаснува во прилогот.
Друг важен дел од промените се однесуваат на „паметните договори“ (автоматски трансакции). Како резултат на ажурирањето, тие „стануваат поевтини и помали“ според имформацискиот обем. Така, во иднина „паметните договори“ можата да ги ослободат сопствениците на криптовалутата од посредниците кога плаќаат за разни услуги или стоки, се додава.
Претходно во јуни годинава биткоин заедницаа се согласи да го одложи започнувањето на ажурирањето. Целта на одложувањето беше да се овозможи дополнително време за тестирање и да се минимизира ризикот од грешки во кодот или други компликации при спроведувањето на ажурирањето.
Во прилогот на CBNC News се наведува дека објавувањето на Taproot е важен настан за сопствениците на биткоини, и е поддржано од мнозинството во заедницата. Содржината на промените не предизвика значајни контриверзии во јавноста, за разлика од претходното големо ажурирање објавено во 2017 година.
Според податокот на порталот Coindeks, кој ги следи податоците од платформите за тргување со криптовалутите, во понеделникот во 14 часот по македонско време цената на биткоинот изнесуваше над 65.000 американски долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа