Вучиќ: Разговарав со Блинкен, не се согласивме за природата на она што се случи на Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека разговарал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и во таа прилика додаде дека се согласиле дека е потребна деескалација.
Вучиќ рече дека е потребна посилна улога на КФОР, особено на северот на Косово.
„Ги негирав невистините за највисок степен на борбена готовност на војската на Србија, не се договоривме за природата на она што се случи на Косово“, рече Вучиќ.
„И Блинкен зборуваше за некои мерки, јас реков дека сум против“, додаде претседателот на Србија.
Вучиќ рече дека Србија има докази за настаните на северот на Косово и додаде дека „ќе ги гонат ладнокрвните убијци“.
Претседателот на Србија рече и дека не му пречи што КФОР го зголемува бројот на војници на Косово.
„НАТО не ни пречи, нека праќаат, помалку Курти ќе дивее“, рече тој.
„Ги убедував Милан (Радоичиќ) и другите најмалку 500 пати да се извлечат од барикадите. Нема да ги наречам Србите терористи“, изјави претседателот на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа