Вучиќ предупреди за состојбата во Косово: Не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека ги чекаат многу лоши работи на Косово бидејќи знае со кого си имаат работа.

Тој порача дека е неопходно единството на народот.

Вучиќ, како што пренесоа српските медиуми, истакна дека има некои вести и дека Албанците намерно чекале луѓе од северот на Косово да дојдат во Белград, да ги нападнат општинските згради.

„И претставниците на Квинтата молчеа на сето ова, а сега го осудуваат, кога Албанците завршија. Потешка криза не сме имале. Штом заврши оваа средба ќе имаме состанок на Советот за национална безбедност и стравувам од многу лоши работи бидејќи знам со кого си имаме работа“, рече тој.

Најави итен состанок на Советот за национална безбедност веднаш по митингот.

26.05.2023 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега